Општина Маврово и Ростуше ги известува сите заинтересирани лица кои сакаат да ги користат услугите од програмата „Општинско – корисна работа“, со која се предвидува мобилен тим да врши услуги (набавка на основни продукти за хигиена и исхрана, препишување и набавка на лекови, плаќање сметки, придружба на лекар или некоја друга институција по потреба, заедничка прошетка и дружење) на стари изнемоштени лица и лица со попречености. Заинтересираните лица да се пријават во просториите на општина Маврово и Ростуше најдоцна до 29.06.2022 год. (среда). Оваа активност се реализира преку проектот „Социјални услуги за сите“, со којашто се опфатени 55 крајни корисници.
ПОВИК ДО ПРИМАТЕЛИТЕ НА ПОМОШ
