Почитувани,
Во Домот на култура во Ростуше, на ден 15.11.2023, со почеток од 11:00 часот се одржа првата форумска сесија, од проектот Форуми на заедниците.
Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Маврово и Ростуше.
Целта на проектниот форум е поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата и донесувањето на одлуки на локално ниво.
На првата форумска сесија граѓаните имаа можност да се запознаат со активностите и целите на форумскиот процес и дадоа приоритет на проблеми и решенија во рамки на форумската тема. Во текот на следните сесии од предложените решенија ќе се развиваат проекти од кои учесниците ќе ги изберат најприоритетните да аплицираат за реализација во рамки на проектниот фонд од 40.000 УСД обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC) – Швајцарска амбасада.
Ви благодариме за Вашето присуство, активно учество и придонес.
Се надеваме дека со вашето учество и на наредните форумски сесии ќе допринесете за успешно спроведување на проектниот форум.













