Почитувани,

Во Домот на култура во Ростуше, на ден 29.11.2023, со почеток од 11:00 часот се одржа втората форумска сесија, од проектот Форуми на заедниците.

Проектниот форум се реализира во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Маврово и Ростуше.

Целта на проектниот форум е поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата и донесувањето на одлуки на локално ниво.

На Втората форумска сесија граѓаните имаа можност да се запознаат со концептите кои беа презентирани од работните групи, кои во третата сесија веќе ќе се дополнуваат и ќе се рангираат во зависност од нивниот приоритет.

Ви благодариме за Вашето присуство, активно учество и придонес.

Се надеваме дека со вашето учество и на наредните форумски сесии ќе допринесете за успешно спроведување на проектниот форум.