На 3 ноември 2023 година, во Маврово, се одржа значаен настан како дел од проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб Коритник, Шар и Албанските Алпи“, имплементиран од CNVP и финансиски поддржан од PONT. На настанот, 13 грантисти (локални организации) потпишаа договори со CNVP за спроведување на различни локални проекти за заштитата на животната средина и биолошката разновидност, одржливо користење на природните ресурси, недрвени шумски производи и туризам заснован на природа. Општина Маврово и Ростуше доби поддршка за имплементација на проектот – Еко тезги – Дополнителна можност за промоција на локалните вредности и еко производите. Благодарност до ЦНВП и ПОИНТ за нивната поддршка.




