Во општинската зграда во Ростуше пред повеќе правни и физички лица беше одржана стручна презентација и јавна анкета за Нацрт- „ЛУПД за градежна парцела на КП бр. 1570 КО Ростуше, со намена – големи трговски единици-пазар“.

ЛУПД е со опфат од 2693 м2 и е предвидена со следните намени: Б2-големи трговски единици-пазар и Е1-комунална инфраструктура – паркинг.
Од страна на присутните беа поставени неколку прашања околу начинот на снабдување со електрична енергија на комплексот и евентуалните проблеми околу пристапот до пазарот, земајќи ја во предвид блискоста на објектот со регионалниот пат Маврово – Дебар и пристапот до спортско рекреативниот центар кој се наоѓа на спротивната страна.

lupd