Одржана Работилница за проектот на WWF „Парковите на Динаридскиот Лак“ хотел Макпетрол Среда 19 Јуни 2013 година општина Маврово и Ростуша

WWF со проектот „Парковите на Динаридскиот Лак“ има за цел собирање и вмрежување на луѓето кои работаат во заштитените подрачја на Динаридскиот Лак. Започнаа да делуваат и во нашата општина Маврово и Ростуша (поради што националниот парк Маврово се наоѓа на територијата на општина Маврово и Ростуша) преку серија на конференции, студиски патувања, работилници, обуки и други интерактивни активности.
Целта на работилницата беше да се олесни размената на искуства и обука на следниве теми:
– Оцена на придобивките – бенефитите од заштитените подрачја,
-Одржлив туризам кој придонесува за зачувување на природата,
-адаптација кон климатските промени
-употреба на фондовите на ЕУ за заштитени подрачја.