Во општинската сала за состаноци, Советот на Општината ја оддржа својата 19″ та седница со која претседаваше Претседателот на Советот, Неџат Исмаили. На седницата присутни беа сите советници како и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди.

На оваа седница беа разгледани неколку предлог одлуки и извештаи и програми од областа на образованието, урбанизмот и просторното планирање на територијата на локалната самоуправа. 
Советот на Општината на оваа седница донесе: 
Усвои годишните извештаи за работа во учебната 2013/2014 година на општинските основни училишта. .
Одлуки за пристапување кон измена и дополна на дел од урбанистичкиот план за с. Скудриње.
Измени и дополни на буџетот за 2014 година на Општината.
Исто така беа донесени неколку одлуки за финансиска поддршка на социјално загрозени лица како најранлива категорија на наши сограѓани. 

sovet mir1