На оваа седница беа разгледани неколку предлог одлуки и програми од областа на урбанизмот и просторното планирање на територијата на локалната самоуправа.
Советот на Општината на оваа седница донесе:
1. Одлука за пристапување кон измена и дополна на дел од урбанистичкиот план за с. Маврово.
2. Одлуки за пристапување кон измена и дополна на дел од урбанистичкиот план за с. Скудриње.
3. Одлука за отворање на сметка за самофинансирање.
4. Одлука за отварање на донаторска сметка.
5. Усвоена информација и образложение на барање од страна на Здружение на граѓани Еко Маврово за Втор еколошко – едукативен и забавен фестивал во Македонија ( Екозелен викенд во Маврово 2014).
6. Усвоена програма за работа на спортската сала Македонија која е дел од спортско рекреативниот центар “Радика”.
Исто така разгледана беше и пропорционалната застапеност на работните тела и комисиите како помошни тела на Советот на Општината.
Оддржана 16″ та седница на советот на општината
Во општинската сала за состаноци, Советот на Општината ја оддржа својата 16″ та седница со која претседаваше Претседателот на Советот, Неџат Исмаили. На седницата присутни беа сите советници како и Градоначалникот, Мукрем Мехмеди.