Свечено беше одбележан 4-ти Мај – Ден на општина Маврово и Ростуше. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот Медат Куртовски. На лица и институции кои со својата работа придонесоа за развој и афирмација на општината им беа доделени плакети а на учениците и наставниците кои ја афирмираа општината на разни манифестации и натпревари им беа доделени пофалници. Исто така имаше и културно уметничка програма организирана од страна на учениците од основните и средното училиште, како и најмалите од детската градинка. Нека е среќен, честит и вековен Денот на општина Маврово и Ростуше.