Со богата културно – уметничка програма од страна на учениците од ОУ Блаже Конески од Скудриње и ПУ од Присојница и Аџиевци беше одбележан годинешниот патронен празник на училиштето. На чија церемонија присутни беа Градоначалникот, Мукрем Мехмеди, Пратеникот во Собранието на РМ Алим Билали, Директорите на Здраствениот Дом и Националниот Парк, Директорот на ЈПКД-Маврово, Директорите на СОУ и Основните Училишта, родители и наши сограѓани од повеќе населени места.
Во својот поздравен говор Директорот на Училиштето, Амзо Ахмедоски на сите присутни им заблагодари за тоа што се дел од оваа прослава по повод патрониот празник на училиштето. Исто така изкажа пофалба за работата на наставниот кадар во Училиштето и другите управни структури како и соработката на оваа воспитно образовна институција со сите денес поканети институции на локално ниво, сметајќи дека само на овој начин со меѓусебна соработка на сите институции може да се очекуваат и повисоки резултати во сите сфери на животот, односно поддржката на Основните Училишта треба да биде сватена како подржка во иднината, бидејќи учениците се нашата иднина, истакна Амзо Ахмедоски Директор на Училиштето.
На крајот од прославата Директорот на сите ученици од 9’то одделение им подари по една книга ”Мемоари за Скудриње” напишана од Илмија Јакупоски поранешен учител во ова Основно Училиште.

sk0

 

sk1 sk3

sk4 sk5 sk6 sk7 sk8 sk9 sk10 sk11 sk12 sk13