Select Page

Новости

Новости

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ

Општина Маврово и Ростуше со низа активности го одбележа денот на општината 4-ти Мај. Централната активност се одржа во спортската сала “Македонија” на која присусвуваа голем број на граѓани и преставници на институции. Свеќеноста беше збогатена со богата културно уметничка програма на која учествуваа фолклорни секции од општинските...

Ифтарска вечера во општина Маврово и Ростуше

По повод светиот муслимански месец Рамазан, општина Маврово и Ростуше организраше ифтарска вечера на која присуствуваа претставници на муфтиството на ИВЗ - Гостивар предводена од муфтијата Х. Сабахудин Зендели, имамите и верските лица од општината, Господин Доситеј од Бигорскиот Манастир, советниците од општината како и локалните функционери од општината.Нека нашиот Господар Аллах џ. ш. ги прими постот...

Вонредна седница на советот на општина Маврово и Ростуше

Поради состојбата после катастрофалниот земјотрес кој ги зафати државите Република Туркије и Сирија, градоначалникот Медат Куртовски побара одржување на вонредна седница на Советот на општина Маврово и Ростуше.На седницата беа предложени две точки на дневен ред и тоа: Прогласување на денови на жалост поради земјотресот што ги погоди Република Туркије и Сирија.Донесување на одлука за одобрување на финансиски средства за помош на настраданите од силниот земјотрес кој ги погоди Република Туркије и Сирија. Едногласно од страна на сите советници беше одлучено деновите до 12. 02. 2023 година се прогласуваат за денови на жалост во општина Маврово и Ростуше и знамињата пред седиштето на општината ќе бидат истакнати на половина копје. Едногласно од страна на сите советници беше усвоен предлогот да се додели финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во земјотресот. Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Туркије и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи...

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОНЕСЕН УПРАВЕН АКТ – РЕШЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОНЕСЕН УПРАВЕН АКТ - РЕШЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ - с. Леуново, Маврово и Ростуше.-Врз основа на претходно изготвен Записник за констатација од 16.01.2023 година, издадено е Решение со ЗАДОЛЖУВАЊЕ како инспекциска мерка од 20.01.2023 година, согласно Законот за управување со отпад Член 119, Став 1 (Сл. Весник на РСМ бр. 68/2004...216/2021), и Член 83 од Законот за инспекциски надзор (Сл. Весник на РСМ бр. 102/2019), според кое правниот субјект се ЗАДОЛЖУВА да ги отстрани констатираните неправилности. Имено, да се расчисти пепелта од опожареното место и да се депонира соодветно, отпадот создаден од страна на правниот субјект складиран привремено на одредена локација во атарот на ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ да се селектира, собира и да се означи местото за таа намена, отпадот да се предаде на овластени постапувачи со отпад и да ја врати парцелата во првобитна или задоволителна состојба, до Овластениот инспектор за...

Среќна нова година 2023

На последниот работен ден за оваа календарска 2022 година градоначалникот Медат Куртовски најпрво ја посети детската градинка во Скудриње а потоа и неколку општински основни училишта.Во сите основни училишта во општината на учениците им беа доделени новогодишни подароци. На сите ученици и наставници им честитаме за успешно завршеното прво полигодие и им посакуваме уште поголеми успеси во новата 2023...

Синдикат на УПОЗ

УНАПРЕДЕНИ ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ Денес во просториите на Синдикатот на УПОЗ, со потпишување на Колективен договор, се унапредија правата од работен однос за вработените во Општина Маврово и Ростуше. Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Маврово и Ростуше, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Рифат Рамадани од една страна и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, го потпишаа Колективниот договор за вработените Општина Маврово и Ростуше. Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, усогласување на платите со порастот на минималната плата...

Министерот Џемаил Чупи задолжен за Дијаспора во посета на општина Маврово и Ростуше

Денес во посета на општина Маврово и Ростуше престојуваше Министерот без ресор задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија Џемаил Чупи. На средбата со Градоначалникот Медат Куртовски се разговараше за актуелни иницијативи и проекти кои се во согласност со Стратегијата на Република Северна Македонија за соработка со Дијаспората со која покрај другото предвидено е отворање на Центри за дијаспора во општините при што беше потпишан Договор за соработка со Дијаспората помеѓу Владата на РСМ и Општина Маврово и Ростуше. Во општина Маврово и Ростуше ќе биде отворена Канцеларија за дијаспората која ќе има улога на припадниците на дијаспората за време на нивниот престој во матичната земја да им овозможува и олеснува пристап до потребните информации како и дополнителни иинформации за разни постапки со кои ќе се обраќаат пред државните институции и друго. Општинската канцеларија ќе има лице задолжено за овие прашања кое ќе изврши мапирање и евидентирање...

патрониот празник на општинското основно училиште “Хајан Селмани” во село Ростуше.

Денеска свечено беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште “Хајан Селмани” во село Ростуше. Честитки на сите ученици и наставници за одличната културно уметничка...

Еднократна финансиска помош на сите првачиња

Денеска беше реализирана предлог одлуката на градоначалникот која беше едногласно поддржана од сите советници за еднократна финансиска помош на сите првачиња во општина Маврово и Ростуше. Со оваа одлука на сите првачиња во општината им беа исплатени по 3.000 денари еднократна финансиска помош. Ваквата одлука ќе остане пракса за секоја наредна учебна година. Уште еднаш на првачињата им посакуваме успешен наставен...

Македонското здружение за култура и солидарност “Дебре” од Чандиби, Измир, Република Туркије.

Денеска во посета на нашата општина беа претставници на Македонското здружение за култура и солидарност “Дебре” од Чандиби, Измир, Република Туркије предводени од претседателот на здружението Beytullah Kazaferoğlu со членовите Ruşit Ramazanoğlu, Urfi Abdulioğlu, Şefik Guneş и Nevzat Güneş. Благодариме за нивната посета и преку нив испраќаме поздрави до сите наши исселеници во Република...

Информации од Јавен Карактер

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

4-ти Мај 2023

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking