Новости
Вонредна седница на советот на општина Маврово и Ростуше
Поради состојбата после катастрофалниот земјотрес кој ги зафати државите Република Туркије и Сирија, градоначалникот Медат Куртовски побара одржување на вонредна седница на Советот на општина Маврово и Ростуше.На седницата беа предложени две точки на дневен ред и тоа: Прогласување на денови на жалост поради земјотресот што ги погоди Република Туркије и Сирија.Донесување на одлука за одобрување на финансиски средства за помош на настраданите од силниот земјотрес кој ги погоди Република Туркије и Сирија. Едногласно од страна на сите советници беше одлучено деновите до 12. 02. 2023 година се прогласуваат за денови на жалост во општина Маврово и Ростуше и знамињата пред седиштето на општината ќе бидат истакнати на половина копје. Едногласно од страна на сите советници беше усвоен предлогот да се додели финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во земјотресот. Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Туркије и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи...
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОНЕСЕН УПРАВЕН АКТ – РЕШЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОНЕСЕН УПРАВЕН АКТ - РЕШЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ - с. Леуново, Маврово и Ростуше.-Врз основа на претходно изготвен Записник за констатација од 16.01.2023 година, издадено е Решение со ЗАДОЛЖУВАЊЕ како инспекциска мерка од 20.01.2023 година, согласно Законот за управување со отпад Член 119, Став 1 (Сл. Весник на РСМ бр. 68/2004...216/2021), и Член 83 од Законот за инспекциски надзор (Сл. Весник на РСМ бр. 102/2019), според кое правниот субјект се ЗАДОЛЖУВА да ги отстрани констатираните неправилности. Имено, да се расчисти пепелта од опожареното место и да се депонира соодветно, отпадот создаден од страна на правниот субјект складиран привремено на одредена локација во атарот на ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ да се селектира, собира и да се означи местото за таа намена, отпадот да се предаде на овластени постапувачи со отпад и да ја врати парцелата во првобитна или задоволителна состојба, до Овластениот инспектор за...
Среќна нова година 2023
На последниот работен ден за оваа календарска 2022 година градоначалникот Медат Куртовски најпрво ја посети детската градинка во Скудриње а потоа и неколку општински основни училишта.Во сите основни училишта во општината на учениците им беа доделени новогодишни подароци. На сите ученици и наставници им честитаме за успешно завршеното прво полигодие и им посакуваме уште поголеми успеси во новата 2023...
Синдикат на УПОЗ
УНАПРЕДЕНИ ПРАВАТА ОД РАБОТЕН ОДНОС СО КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ Денес во просториите на Синдикатот на УПОЗ, со потпишување на Колективен договор, се унапредија правата од работен однос за вработените во Општина Маврово и Ростуше. Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Маврово и Ростуше, претставувани од Претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација Рифат Рамадани од една страна и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, го потпишаа Колективниот договор за вработените Општина Маврово и Ростуше. Во колективниот договор се предвидени регрес за годишен одмор, усогласување на платите со порастот на минималната плата...
Министерот Џемаил Чупи задолжен за Дијаспора во посета на општина Маврово и Ростуше
Денес во посета на општина Маврово и Ростуше престојуваше Министерот без ресор задолжен за дијаспора во Владата на Република Северна Македонија Џемаил Чупи. На средбата со Градоначалникот Медат Куртовски се разговараше за актуелни иницијативи и проекти кои се во согласност со Стратегијата на Република Северна Македонија за соработка со Дијаспората со која покрај другото предвидено е отворање на Центри за дијаспора во општините при што беше потпишан Договор за соработка со Дијаспората помеѓу Владата на РСМ и Општина Маврово и Ростуше. Во општина Маврово и Ростуше ќе биде отворена Канцеларија за дијаспората која ќе има улога на припадниците на дијаспората за време на нивниот престој во матичната земја да им овозможува и олеснува пристап до потребните информации како и дополнителни иинформации за разни постапки со кои ќе се обраќаат пред државните институции и друго. Општинската канцеларија ќе има лице задолжено за овие прашања кое ќе изврши мапирање и евидентирање...
патрониот празник на општинското основно училиште “Хајан Селмани” во село Ростуше.
Денеска свечено беше одбележан патрониот празник на општинското основно училиште “Хајан Селмани” во село Ростуше. Честитки на сите ученици и наставници за одличната културно уметничка...
Еднократна финансиска помош на сите првачиња
Денеска беше реализирана предлог одлуката на градоначалникот која беше едногласно поддржана од сите советници за еднократна финансиска помош на сите првачиња во општина Маврово и Ростуше. Со оваа одлука на сите првачиња во општината им беа исплатени по 3.000 денари еднократна финансиска помош. Ваквата одлука ќе остане пракса за секоја наредна учебна година. Уште еднаш на првачињата им посакуваме успешен наставен...
Македонското здружение за култура и солидарност “Дебре” од Чандиби, Измир, Република Туркије.
Денеска во посета на нашата општина беа претставници на Македонското здружение за култура и солидарност “Дебре” од Чандиби, Измир, Република Туркије предводени од претседателот на здружението Beytullah Kazaferoğlu со членовите Ruşit Ramazanoğlu, Urfi Abdulioğlu, Şefik Guneş и Nevzat Güneş. Благодариме за нивната посета и преку нив испраќаме поздрави до сите наши исселеници во Република...
Посета на регионалната депонија Русино
Заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман, градоначалниците од полошкиот плански регион, директорите на комуналните претпријатија и управата на регионалното претпријатие Русино Полог бевме на теренска посета на регионалната депонија Русино на увид во напредокот на активностите реaлизирани во рамки на проектот за Интегрирано управување со отпад финансиран од швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO).Ефективно и одржливо управување со отпад е клучно за да се обезбеди благосостојба на граѓаните и за заштита на природата. Соработката меѓу локалните самоуправи и централната власт ќе придонесе за трајно решевање на проблемите со отпадот на територијата на целата држава. Швајцарија го поддржува унапредувањето на услугите за управување со отпад во Полошкиот регион од 2018 година. Со финансиска поддршка од 1,9 милиони швајцарски франци беше подготвен План за регионално управување со отпад, беше основано регионално јавно претпријатие и беа спроведени мерки со брз ефект...
Жуборења од Радика 2022
Во спортската сала ,,Македонија" с. Ростуше се одржа еден од најголемите културни настани во Општина Маврово и Ростуше. Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај - Рекански Порои, ја организа Манифестацијата ,,Жуборења од Радика 2022." Манифестацијата има огромно значење за нас како општина бидејќи дента, ние пред огромната публика од цела држава ја претставивме нашата традиција, нашата богата култура и шаренолика носија, нашата кујна и сè она што е карактеристично за нас како народ. На манифестацијата свој настап забележаа и младите таленти Дефне Фејзули и Един Ахмети,фолклорната група Маврово-Ростуше, и учениците од ООУ ,,Јосип Броз Тито" - с. Жировница и ООУ ,,Хајан Селмани" с. Ростуше. Благодарност до професор Рамазан Раманоски и професор Емир Емрулаи кои своите идеи и визии ги претварија во реалност. Благодарност и до целиот тим на Рекански Порои кои помагаа да се реализира сето ова. Благодарност и до рецезентите Горјан Петревски (писател за деца и...