Градоначалникот, Мукрем Мехмеди на последниот ден од оваа учебна година ги посети сите училишта во нашата општина. Градоначалникот разговараше со професорите за условите во училиштата, за надминување на евентуалните недостатоци за вложување во иновации во образовниот систем, а на сите ученици подарувајќи им новогодишни поклончиња им упати честитки за поуспешна нова 2014 година посакувајќи им многу здравје, успех како и добар и пријатен зимски распуст. „Среќен сум што денеска денот ни започнува со дружење со овие прекрасни деца . Како Општина секогаш се грижиме да правиме добри дела и да дадеме пример до другите дека овие наши деца се нашата иднина и заслужуваат многу големо внимание, ова е наш начин да им ги разубавиме новогодишните празници” , изјави Градоначалникот Мукрем Мехмеди. Учениците видно задоволни и расположени му заблагодарија на Градоначалникот за неговите желби и пораки кои им ги испрати на нивна адреса и му посакаа плодна и успешна работа во новата 2014 година.
многу здравје, успех како и добар и пријатен зимски распуст на учениците им посака градоначалникот Мехмеди
