Министерот, Ристовски и Градоначалникот, Мехмеди на свеченост во Ростуша

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди денеска присуствуваа на свеченоста по повод патрониот празник на Средното Општинско Училиште „Маврово-Ростуше“ каде свечено пуштија во употреба дограден нов објект, опремен и уреден со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука.otvoranje na sou 1
Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски во своето обраќање изрази голема благодарност до Градоначалникот, Мехмеди како и до директорот на СОУ Маврово-Ростуша и целиот персонал за самоиницијативноста и самоорганизираноста со што овој проект на министерството се реализира ефикасно и успешно, со што значително се подобрија условите за образование во ова училиште.
Градоначалникот, Мукрем Мехмеди искажа голема благодарност до министерот, Ристовски за одличната соработка која ја има нашата општина со министерството за образование, како и за заеднички реализираните проекти со што условите во сите училишта во нашата општина максимално се подобрија и нашите деца своето образование го продолжуваат во одлични услови.
Исто така Градоначалникот, Мукрем Мехмеди додели четири стипендии на најдобрите ученици во СОУ “Маврово-Ростуша”.

otvoranje na sou