Во рамките на манифестацијата предвидено е организирање на професионални и рекреативни трки со велосипеди околу Мавровско езеро и падините на Бистра, со што учесниците ќе имаат добра можност да уживаат во природните убавини од овој регион. Преку целиот ден предвидено е богата културно уметничка програма и базар каде што учесниците ќе имаат можност да купат еколошки производи и ракотворби произведени во Нашата Општина.
Агенда:
– Место на настан – Плоштад с. Маврово
– 9;00 часот старт на големиот маратон
– 9;30 часот старт на малиот маратон
– 11:00 часот старт на рекреативната трка околу Мавровско езеро
– 16:00 часот прогласување на победниците и доделување на награди.
За сите што сакаат да учествуваат на оваа манифестација од Скопје, подетални информации може да добијат од велосипедското здружение Bikestop на телефон 02 3231 772, како и на општинскиот телефон 042 478 814.
Маврово тур 2014

Општина Маврово и Ростуша во соработка со НП Маврово оваа година по седми пат на 15″ти Јуни ќе ја организира Манифестацијата “МАВРОВО ТУР – 2014”