Локалниот Совет за Превенција со кој претседаваше Градоначалникот, Мукрем Мехмеди оддржа состанок на кој учествуваа Претседателот на Советот на Општината, Неџат Исмаили, Раководителите на Центарот за Управување со Кризи и Дирекцијата за Заштита и Спасување, Командири на Полициските Станици од Ростуше и Маврово, Директори на Јавни препријатија и установи, Директори на Основните и Средното училиште, Претставници на Фирмите кои добија на тендер за зимското оддржување на патиштата, Претставник од АМСМ, како и претседатели на МЗ. На состанокот се отвори расправа по следните точки: 1. Зимското оддржување на локалните патишта во општината 2. Безбедност во сообраќајот (поради зголемен број на возила за време на новогодишните празници). 3. Спроведување на законот за пушење во угостителските објекти. 4. Справување со употреба на пиротехнички срества за време на новогодишните празници. По првата точка од дневниот ред за зимското одржување на локалните патишта во општината Градоначалникот, Мехмеди ги запозна присутните со постапките кои ги превзеде Општината со избор на четири различни фирми со цел поефикасно и навремено очистување и оддржување на патиштата оваа година. – Гаража комерц од Скудриње ќе го чисти патот за Скудриње,Присојница,Јанче и Аџиевци. – Деком од Ростуше ќе го чисти патот за Ростуше,Велебрдо,Требиште и Битуше како и кракот за Манастирот Свети Јован Бигорски. – Балкан турс од Ростуше ќе го одржува патот за Жировница,Видуше и Врбјани. – Пелагонија ќе ги одржува локалните патишта во мавровскиот регион како и патот за с.Сенце. Во дискусија на оваа тема се вклучија скоро сите присутни на овој состанок кој ги искажаа проблемите од минатите години со оддржувачите на локалните патишта во населените места каде што живеат и дадоа свои предлози за неповторување на истите. Исто така се донесе заклучок со кој побараа од фирмите задолжени за оддржување на патиштата поголема активност и употреба на квалитетна механизација бидејќи поучени од минатогодишните искуства се појавуваат големи проблеми и револт кај локалното население од неквалитетното и не навременото чистење на патиштата. Против фирмите што нема да се придржуваат на договорот ќе бидат поднесени пријави. Во врска со другите точки од дневниот ред се донесоа заклучоци за почитување на законските норми како и поставување на знаци за подобро регулирање на сообраќајот.
DSC_0471 DSC_0474 mir004