Во Владата на Република Северна Македонија, во присуство на министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска – Стојчевска се одржа координација за искористување на
одобрените средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2023 година.
Општина Маврово и Ростуше доби проект за реконструкција на стара училишна зграда во село Тресонче која ќе се ревитализира во мултифункционален културен центар.
Со вакви инвестиции ќе создадеме соодветни услови каде што ќе се одржуваат бројни културни настани и ќе се привлекуваат повеќе посетители и туристи кои ќе се запознаваат со културата, историјата и убавините на општината.


