Советот за Јавно Здравје како Работно тело на Советот на Општина Маврово и Ростуше ги известува граѓаните на Општината дека се во тек активностите за вршење анализа на исправноста на водата за пиење од водоводите и селските чешми ( за кои не е надлежно ЈПКД “МАВРОВО” од Маврови Анови) од поголемите населени места во Општината.
Резултатите од спроведените анализи – после нивното добивање ќе им бидат достапни на граѓаните.
Во месец Јуни беше реализирана првата етапа од Акциониот план за ставање под контрола на вектор преносливи заболувања со посебен осврт на комарци и крлежи. Беше извршена лаврицидна дезинсекција и прва етапа од адултицидна дезинсекција. Исто така беше извршена и дератизација за уништување на глодари односно намалување на бројноста на нивната популација.
Сите овие активности беа извршени под непосредна контрола на Доктор специјалист епидемиолог.
Советот за Јавно Здравје е на мислење дека некои негативни коментари на социјалните мрежи и обидите да се фрли сомнеж на споменатата активност се беспредметни бидејќи истите се спроведуваат редовно повеќе од 15 години и се обврска со Законот за заштита на населението и вработените од заразни болести.
Советот за Јавно здравје на последната седница направи анализа за движењето на заразните болести на територија на Општина Маврово и Ростуше и истата ја оцени како задоволителна, односно дека е под контрола.