Врз основа на претходно издадено Решение со ЗАДОЛЖУВАЊЕ како испекциска мерка со рок од 30 дена, Општина Маврово и Ростуше преку Овластениот инспектор за животна средина на ден 28.11.2022 година, согласно законската регулатива, изврши Контролен инспекциски надзор врз правниот субјект ДХТ КЕТА АГРО – ТУРИЗАМ ДОО – с. Маврово, при што констатираше дека: Трите локации на патот од с. Маврово кон с. Ниќифорово каде беше депонирано земја и камен од ископот при вршење градежни активности од страна на правниот субјект, се расчистени и вратени во првобитна, односно задоволителна состојба, со што, правниот субјект постапил по инспекцискиот акт во целост.