ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОНЕСЕН УПРАВЕН АКТ – РЕШЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ – с. Леуново, Маврово и Ростуше.
-Врз основа на претходно изготвен Записник за констатација од 16.01.2023 година, издадено е Решение со ЗАДОЛЖУВАЊЕ како инспекциска мерка од 20.01.2023 година, согласно Законот за управување со отпад Член 119, Став 1 (Сл. Весник на РСМ бр. 68/2004…216/2021), и Член 83 од Законот за инспекциски надзор (Сл. Весник на РСМ бр. 102/2019), според кое правниот субјект се ЗАДОЛЖУВА да ги отстрани констатираните неправилности. Имено, да се расчисти пепелта од опожареното место и да се депонира соодветно, отпадот создаден од страна на правниот субјект складиран привремено на одредена локација во атарот на ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ да се селектира, собира и да се означи местото за таа намена, отпадот да се предаде на овластени постапувачи со отпад и да ја врати парцелата во првобитна или задоволителна состојба, до Овластениот инспектор за животна средина да достави транспортни и идентификациони формулари за предаден отпад. Рокот за извршување на инспекциската мерка е 45 (четириесет и пет) дена од приемот на решението.