Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди повикувјќи го целиот бизнис сектор да се фокусира во инвестирање во нашиов регион како и можност за отварање нови работни места за нашите млади, ја отвори работната средба помеѓу претставници од Сојузот на Стопанската Комора на Македонија и бизнис елитата од Нашата Општина на тема ИПА проект за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Албанија. На работната средба се разгледуваа можностите за подобрување на бизнис соработката, профилот на компаниите во регионот (обем на компанијата со број на вработени, финансиски обарт, гранка со која се занимава компанијата идр). Се донесоа заклучоци за воспоставување платформа меѓу бизнис секторот и општината во директна координација со Градоначалникот за што поефикасно надминување на евентуалните бариери на кои би наишле фирмите кои би почнале преку-гранична соработка со фирми од Р. Албанија во овој процес на обновување на економскиот развој во кои се наоѓаат и двете земји. На средбата присуствуваше и Претседателот на Совет на Општина Маврово и Ростуша, Неджат Исмаили како и претставници од компаниите Агропартнер, Еуроедил, Техноблок, Р*Р метал, Неджо Бау, Хотел Радика идр.