И З В Е Ш Т А Ј
на Координаторот за еднакви можности на жените и мажите за 2013 година на ОпштинаMaврово и Ростуша
Во согласност со Законот за eднакви можности на жените и мажите (,,Службен Весник на РМ’’, бр.6/2012 година од 13.01.2012 година, во член 14 кој се однесува на Единиците на локална самоуправа за своите надлежности за почитување на принципот на еднакви можности и промовирање и унапредување на еднаквите можности на жените и мажите и став (7) од член 14 на овој Закон, во Општина Маврово и Ростуша е определен координатор за еднакви можности на жените и мажите и со писмeн допис број 08-203/2 од 17.07.2013 година е доставено ,,Известување’’ до Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија. За координатор за еднакви можности на жените и мажите е одредено лицето Беќири Букурије – државен службеник, вработена во општинската администрација на Општина Маврово и Ростуша на работно место – Раководител на одделение за управување со човечки ресурси. Покрај другите работни задачи кои ги има од ова работно место, согласно горенаведните членови од Законот за еднакви можности на жените и мажите има обврска како координатор од Општина Маврово и Ростуша да доставува и Годишен извештај до надлежното Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија најдоцна до 31 март во тековната 2014 година, а за претходната година 2013 година.
Во Општина Маврово и Ростуша е формирна Комисија за родова еднаквост на половите, како помошно тело на Советот на Општина Маврово и Ростуша. Оваа Комисија се формира на секои 4 /четири/ години по спроведување на локалните избори. Формирањето на Комисијата е врз основа на одредбите Статутот на Општина Маврово и Ростуша и Законот за локална самоуправа. Така Комисијата за родова еднаквост на половите е формирана со Одлука заведена со архивски број 07-206/19 што ја донесе Советот на Општина Маврово и Ростуша на седницата одржана на ден 21.06.2013 година /,,Сл.Гласник на Општина Маврово и Ростуша’’ бр. 7/2013/, а со задача да разгледува прашања во врска со родовата еднаквост на половите, како и да се грижи за застапеност на жената во креирање на политиката, развојот на општината и застапеност во сверата на општествениот живот.
Согласно законските одредби, како Координатор на еднакви можности на жените и мажите во Општина Маврово и Ростуша, Ви го презентирам Годишниот Извештај со активностите што се реализирани во 2013 година од страна Комисијата за родовна еднаквост на половите на Oпштина Маврово и Ростуша:
1. Во рамките на проектот ,,Ние сме лидери/ки застапнички на промени во нашите заедници’’ финансиски подржан од UN WОМЕ-Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, а спроведуван од Македонско женско лоби, ДЕСИДЕ, Институ Евробалкан, НВО Сирма како и Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Собранието на РМ, во месец август 2013 година беше одржана информативна средба во Општина Маврово и Ростуша со советничките (жени) членови на Советот на Општина Маврово и Ростуша – 4 /четири/ од вкупно 11 членови на Советот на Општина Маврово и Ростуша, Комисијата за родова еднаквост на половите од Општина Маврово и Ростуша, координаторот од Општината и преставникот од Македонското женско лоби – извршен директор Даниела Димитровка, со цел запознавање со целите на Менторската програма, пријавување за Менторска програма и избор на кандидати/ки со кој би биле потпишани договори за учество во програмата за менторирање.
2. Член на Комисија родовна еднаквост на половите од Општина Маврово и Ростуша – Жаклина Илкоска, на ден 23.09.2013 година аплицираше по Менторската програма на тема: ,,Подигање на свеста за здравјето на жената’’.
3. Учество на членови од Комисијата за родовна еднаковост на половите од Општина Маврово и Ростуша на 25-та седница на Комисија за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ – месец септември 2013 година – тема: ,,Стратешка рамка за соработка на комисиите за еднакви можности на жените и мажите на национално и локално ниво’’.
4. Изработка на Акционен план и Програма за приоритетни стратешки цели и активности на Комисија за еднакви можности на жените и мажите на Општина Маврово и Ростуша за период 2013/2016 година, кој на предлог на Комисијата за родова еднаквост на половите е доенесена и усвоена со Заклучок од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуша и е заведен со архивски број 07-400/7 од 30.09.2013 година, објава во /,,Сл.Гласник на Општина Маврово и Ростуша’’ број 11/2013/.
5. Учество на трибина на тема: ,,Дијабетес’’ – во месец октомври 2013 година – учесници членовите на Комисија за родова еднаквост на половите на Општина Маврово и Ростуша, вработените во општинската администрација на Општина Маврово и Ростуша, наставен кадар од Средното Општинско Училиште ,,Маврово-Ростуше’’ – с. Ростуше, средношколци од СОУ ,,Маврово-Ростуше’’ – предавач – Д-р Сеат Асани. (Целта на предавањето е да се запознаат учесниците со последиците од оваа болест, да ги препознаат причините која ја предизвикуваат, како и можната превенција од истата).
6. Учество на трибина на тема ,,Етика во семејството’’ – во месец ноември 2013 – учесници членовите на Комисија за родова еднаквост на половите на Општина Маврово и Ростуша, вработените во општинската администрација на Општина Маврово и Ростуша, наставен кадар од Средното Општинско Училиште ,,Маврово-Ростуше’’ – с. Ростуше – предавач Алмина Имери – професор по наставен предмет филозофија во СОУ ,,Маврово-Ростуше (Целта на трибината е да учесниците се запознаат со етичките вредности на семејството).
7. Учество на трибина на тема: ,,Толеранција, дијалог, емпатија’’ – во месец декември 2013 – учесници членовите на Комисија за родова еднаквост на половите на Општина Маврово и Ростуша, вработените во општинската администрација на Општина Маврово и Ростуша, наставен кадар од основното училиште ,,Ѓорѓи Пулески’’ с. Ростуше и наставен кадар од Среденото Општинско Училиште ,,Маврово-Ростуше’’ – с. Ростуше – предавач Алмина Имери – професор по наставен предмет филозофија во СОУ ,,Маврово-Ростуше. (Цел на трибината: да учесниците на трибината се запознааат со основното значење на поимот толеранција, кој е неопходен за почитување на културните разлики во една мултиетничка заедница, а како нејзина последица се развијат дијалогот и чуството за емпатија, кое подразбира сочуствување и разбирање на состојбата на другиот).
8. Учество во јавна расправа на тема ,,Економско јакнење на жените’’ во Собрание на РМ – месец декември 2013 година, во организација на Собранието на РМ, преставници на Министерство за економија на РМ, Минисерство за труд и социјална политика на РМ, локални комисии за еднакви можности, Un Women и Македонско женско лоби.
9. Учество во јавна расправа на тема ,,Подготовка на закон за семејно насилство’’ во Собрание на РМ – месец декември 2013 година, во организација на Собранието на РМ, преставници на невладини оганизации, локални комисии за еднакви можности, ОБСЕ, УНИЦЕФ, Un Women, Светска здраствена организација, Европска комисија и Македонско женско лоби.
Забелешка: Во иднина е потребно поголема соработка на Комисијата за родова еднаквост на половите на Општина Маврово и Ростуша и нејзино учество во имплементирањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите со вработените во општинската администрација на Општина Маврово и Ростуша, со Основните училишта од територијата на Општината, Средното Општинско Училиште ,,Маврово-Ростуше’’, Јавната здраствена Установа ,,Д-р Русе Бошкоски’’ – с. Ростуше и други институции кои делуваат во Општината, како и соработка со Општини кои ги обработуваат темите од области поврзани со активноста на жените во пооделни области. Исто така активноста во 2014 година се очекува да биде уште поуспешна бидејќи член на Комисијата за родова еднаквост на половите од Општина Маврово и Ростуша, по аплицирање на Менторската програма на тема: ,,Подигање на свеста за женското здравје’’, е избрана и истата е влезена во оваа Менторска програма, на која и е определнен ментор г-ѓа Ристанка Лалчевска, екс-пратеник во Собранието на РМ, која ќе работи со нашата општина во областа на родовата еднаквост на мажите и жените.
Изработил,
Координатор на еднакви можности на жените и мажите
на Општина Маврово и Ростуша
Букурије Беќири