Select Page

Известување

Известување

Јавен Повик

За доделување на еднократен финансиски надомест на редовни и вонредни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високо образовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година. Јавен-повик-за-студентиDownload...

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОВИ ВО ВРСКА СО ПРЕТХОДНО ИЗДАДЕНО РЕШЕНИЕ ВО ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ – с. Леуново, Маврово и Ростуше.

Од страна на правниот субјект ДТТУ РАДИКА РЕЗОРТ ДООЕЛ - с. Леуново, врз основа на претходно издадено Решение со бр. ИП1 11-1/23 од 20.01.2023 година во кое субјектот на надзор се ЗАДОЛЖУВА во определен рок да ги отстрани констатираните неправилности утврдени со Записник за констатација, испратено е барање насловено како „Барање за продолжување на рокови“, примено во Локалната самоуправа на 30.01.2023 година, архивирано под број 10-55/1, со образложение на причините односно поради неповолните временски услови и врнежи од снег, се бара продолжување на роковите со цел да се постапи соодветно по издаденото Решение.Од страна на Овластениот инспектор за животна средина, барањето е прифатено и согласно Член 203 став (6) од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005; 81/2005; 24/2007; 159/2008; 83/2009; 48/2010; 124/2010; 51/2011; 123/2012; 93/2013; 187/2013; 42/2014; 44/2015; 129/2015; 192/2015; 39/2016 и 99/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 89/2022), издадено е...

ПОВИК ДО СИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА ВО ДИЈАСПОРАТА ВО КОИ ЧЛЕНУВААТ ИСЕЛЕНИЦИ СО ПОТЕКЛО ОД ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ

Почитувани,Неодамна Општина Маврово и Ростуше и Владата на Република Северна Македонија потпишаа Договор за соработка во областа на Дијаспората, со кој е предвидено отворање на канцеларија за соработка со Дијаспората “ЦЕНТАР ЗА ДИЈАСПОРА”, кој ќе има функција да ги информира и помага нашите луѓе од дијаспората за сите нивни права и обврски за време на престојот во матичната земја, да придонесе за создавање база на податоци за сите здруженија активни во дијаспората, со акцент на економската и научната дијаспора, да потикнува соработка на локални организации со организации од дијаспората за заеднички проекти и друго.Ги повикуваме сите активни здруженија од дијаспората, до Општина Маврово и Ростуше да достават податоци за сопствената организација кои ќе бидат потребни за креирање База на податоци за здруженијата на нашинците од целиот свет.Сите информации, прашања и предлози да се проследат до лицето Илбер Имероски, Советник за меѓународна соработка во Општина Маврово и Ростуше кој воедно...

Совет на Општината Маврово и Ростуше

На 16-тата седница што се одржа на 26.12.2022 година, Советот на Општината Маврово и Ростуше го донесе Буџетот за 2023 година. Вкупните приходи се проектирани во износ од 213.736.999 денари, додека вкупните расходи во износ од 245.526.999 денари. Вкупниот дефицит кој изнесува 31.791.000 денари планирано е да се финансира со пренесување на вишокот на приходи остварен во претходните години. И покрај предизвиците што претстојат, Буџетот и оваа година е проектиран во насока на реализација на повеќе капитални проекти кои ќе придонесат во подобрување на патната и комуналната инфраструктура во повеќе населени места како предуслов за раст и развој на општината. За таа цел, во Буџетот за 2023 година планирани се капитални расходи во износ од 70.802.986...

ИНФОРМАЦИЈА ЗА КОНТРОЛЕН ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР ВО ДХТ КЕТА АГРО-ТУРИЗАМ ДОО, с. МАВРОВО. 

Врз основа на претходно издадено Решение со ЗАДОЛЖУВАЊЕ како испекциска мерка со рок од 30 дена, Општина Маврово и Ростуше преку Овластениот инспектор за животна средина на ден 28.11.2022 година, согласно законската регулатива, изврши Контролен инспекциски надзор врз правниот субјект ДХТ КЕТА АГРО - ТУРИЗАМ ДОО - с. Маврово, при што констатираше дека: Трите локации на патот од с. Маврово кон с. Ниќифорово каде беше депонирано земја и камен од ископот при вршење градежни активности од страна на правниот субјект, се расчистени и вратени во првобитна, односно задоволителна состојба, со што, правниот субјект постапил по инспекцискиот акт во...

Прашалник за собирање предлози за Буџет на ЕЛС Маврово и Ростуше за 2023 година

Почитувани, Општина Маврово и Ростуше согласно насоките добиени од страна на Министерството за финансии, а врз основа на Законот за Буџети и Законост за финансирање на единиците на локалната самоуправа го започна процесот на изработка на нацрт-буџетот за 2023 година. Со цел да се активираат жителите во процесот на креирање на буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со нивните потреби, креиран е прашалник преку кои ќе можете да партиципирате во утврдување на приоритетите во Буџетот на Општина Маврово и Ростуше за 2023 година. Прашалникот се состои од неколку кратки прашања и истиот нема да ви одземе повеќе од 10 минути. Општина Маврово и Ростуше однапред Ви се заблагодарува за вашето одвоено време....

Информација за одржана дводневна Работилница “Климатските промени и безбедноста на Шар Планина и Корабскиот Масив

Информација за одржана дводневна Работилница "Климатските промени и безбедноста на Шар Планина и Корабскиот Масив: Развивање заедничка стратегија за соработка/прилагодување и план за спроведување", која ја организираше Канцеларијата на Координаторот за економски и еколошки активности на ОБСЕ (ККЕЕА) во партнерство со Аделфи, Тинк-Тенк од Германија, и во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 2-3 ноември...

Информации од Јавен Карактер

СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ОПШТИНАТА

Пријави проблем, Закажи Средба, Прашај го градоначалникот.

4-ти Мај 2022

Galichnik Wedding 2018

Cross-Border Biking