Се известуваат корисниците на социјална парична помош од Општина Маврово и Ростуша дека ЦСР- Гостивар во текот на месец Ноември додека трае обновата ќе доаѓа во канцеларијата во Ростуша со цел прием и обнова на докумети за материјална и семејна состојба на домаќинството. Одредени датуми на кои ќе бидат вработените од ЦСР-Гостивар се :

06.11.2014 година – Четворток 13.11.2014 година – Четворток 14.11.2014 година – Петок 27.11.2014 година – Четворток 28.11.2014 година – Петок

Потребни документи на корисниците при поднесување на барањето за продолжување на правото за социјална парична помош се: 1. Лична карта на увид 2. Пресуда 3. Потврда за редовен ученик / студент

Сите полнолетни членови во домаќинството потребно е да бидт присутни при поднесување на барањето за продолжување за да потпишат изјава.

Подносителите на барања за остварување на право од областа на социјалната заштита дека сите обрасци потребни за поднесување на барање се безплатни и истите треба да се подигнат кај стручните работници од Центарот за Социјални Работи.