Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски заедно со градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди ја посетија компанијата „Бај Милк“ која е единствен капацитет за произвоство на млечни производи во нашиот регион, чија инвестиција е вредна милион евра, со вкупна површина од 1.600 метри квадратни и со капацитет од 15 тони млеко дневна преработка, произведува кашкавал, биено сирење и урда.
Работата на компанијата „Бај Милк“ е многу значајна за реканскиот крај. Радува фактот што постои зголемен интерес за инвестирање во овој регион. Тоа е од голема важност за нас и за локалната власт, но пред се за жителите од општина Маврово-Ростуше.Владата е целосно посветена на подобрување на условите за живот на граѓаните на целата територија на државата, посебно на жителите од поширокиот рекански крај. Од последната програма на Агенцијата за финансиска подршка 3,5 милиони денари и се доделени на општина Маврово-Ростуше за рекострукција на патот за Скудриње, рече Коњановски откако ги разгледа производните капацитети.
Функционирањето на млекарницата е од големо значење за општината, осебно за сточарите кои се мачеа со пласманот на млекото што го проиведуваа. Сега не само од реканскиот крај, туку и од Дебар целосно се откупува млекото по задоволителна цена за сточарите. Апелирам до жителите од нашата општина да го зголемат бројот на добиток зашто сега е обезбеден пласманот на млекото а дополнително тука се и високите субвенивци кои ги доделува владата, рече градоначалникот Мукрем Мехмеди.
Зоран Коњановски заедно со градоначалникот на Општина Маврово
