Започна првата фаза на реализација на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Ростуша, како еден од главните приоритети на Општината. Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија за овој проект за изградба на водоводната линија во с.Ростуше одвои 11.000.000,оо денари. Целта на проектот е да се изврши реновирање на дотраената и застарена водоводна мрежа од резервоарот до крајните корисници во ова населено место. Ростуша е седиште и едно од поголемите и најпосетени места во Нашата Oпштина. Со реализацијата на овој проект ќе се подобри квалитетот на водата, ќе се реши проблемот со губитоци на вода а воедно ќе бидат исфрлени од употреба дотраените и штетни цевководи кои во моментов го снабдуваат населеното место со вода. Ние како Општина со поддршка на Владата на РМ продолжуваме и понатаму со реализирање на проекти со кој ќе ги подобриме условите за живот на своите граѓани
Започнаа градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во Ростуша
