Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски заедно со Градоначалникот на Општината Мукрем Мехмеди ги посетија Основноте училишта „Блаже Конески“ во село Скудриње и Горѓи Пулески во село Ростуше како и Средното Општинско Училиште во Ростуше.Во Основното училиште во Скудриње се работи на поставување современ централен систем за греење, која инвестиција е на барање на жителите и дека е од исклучителна важност поради тоа што во изминатите 60 години, откога е изградено ова училиште, се употребуваа кумбиња на дрва.

– Како ресорно Министерство, инвестиравме околу 6 милиони денари за воспоставување целосно нов систем за греење и за 30-ина дена целиот процес ќе биде завршен. Тоа значи дека од следната грејна сезона наставниот кадар ќе има значително подобрени услови за работа, а учениците полесно ќе можат да го надградуваат своето знаење, истакна Ристовски.

Покрај посетата на Скудриње, Ристовски оствари средби и со жителите на Ростуше и на неколку околни населени места.

Во општината Маврово-Ростуше досега се инвестирани 7,3 милиони денари во надградба, реконструкција и санација на три училишни објекти.оу Скудриње оу Скудриње 1