Координаторот во р. Македонија на Турската Агенција за Соработка и Координација (ТИКА) г-дин Махмут Чевик, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди и директорот на фирмата изведувач Блуинвест г-дин Зумер Мирто, во рамките на проектот ПОДДРШКА НА ОБРАЗОВНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА кој ќе се финансира од страна на Турската Агенција за Соработка и Координација (ТИКА) потпишаа договор за работните активности кои ќе следуваат во наредните четириесет и пет дена во кои активности е предвидена целосна реконструкција на училишната зграда од основното учулиште во с. Скудриње во кој е предвидено целосно менување на прозорите, вратите како и средување на санитарните јазли, менување на покривот на помошниот објект во кој настава следат учениците од 1 одделение како и фасада на целиот објект. Директорот на основното училиште г-дин Амзо Ахмедоски во име на учениците и родителите изкажа голема благодарност до Координаторот во р. Македонија на Турската Агенција за Соработка и Координација (ТИКА) г-дин Махмут Чевик, претставникот на ТИКА г-дин Алкан Нуредин како и до Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди кој има големи заслуги за добивањето на оваа донација од страна на ТИКА , уверувајќи дека со подобри услови во образованието ќе се дојде до подобри резултати и подобар образовен систем кој им е потребен на нашите ученици.

tika proje 11