Градоначалникот Медат Куртовски во име на општина Маврово и Ростуше потпиша договор со Министерството за култура при Владата на Република Северна Македонија, претставувано од министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска – Стојчевска.
Со овој договор во вредност од 3.000.000 денари ќе се набави опрема за внатрешно уредување на реконструираното училиште во село Тресонче кое што ќе биде мултифункционален културен центар.
Минатата година ова училиште беше реконструирано исто така со средства од Министерството за култура при што се врши целосна реконструкција на старото училиште и во иднина тоа ќе биде центар во кој што ќе може да се одржуваат бројни културни настани.
Во име на жителите на општина Маврово се заблагодаруваме на почитуваната министерка и на Министерството за култура за поддршката која што ја дава за развојот на културата и традицијата во нашата општина.