Во рамките на студиското патување на градоначалници од Р. Македонија на тема регионалниот развој на Италија, Словенија и Хрватска во погранична соработка за стекнување и размена на искуства за подготовка на проекти за искористување на ИПА средствата од Европските фондови наменети за западен балкан во која спаѓа и нашата држава, Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди е на работна посета на Р. Италија и Р. Словенија и Р. Хрватска каде учествуваше на работни состаноци во градовите Трст, Копер и Пула со колеги и експерти од ЕУ. Во Трст, Италија градоначалникот учествуваше на презентација на Италјанскиот пристап на класерско здружување на компании за енергетска ефикасност и маркетинг и беше во посета на San Dorligo della Valle – приридно заштитено подрачје. Во Копер, Словенија учествуваше на презентација на различни проекти финансирани од различни извори, презентација на имплементирани проекти за управување со цврст отпад, исто така ја посетија и компанијата за управување со цврст отпад и депонијата Изола. Во Пула, Хрватска градоначалникот Мехмеди учествуваше на презентација Регионалната агенција на Истра ИДА, на која беа презентирани планови за регионален развој и финансиски извори во Хрватска по 2014 година. Исто така беа презентирани проекти финансирани во регионот Истра, како и проекти водени од туристичките партнери кои беа реализирани во овој регион. Покрај градоначалникот Мехмеди, на работните средби учестуваа и министерот за локална самоуправа, Тахир Хани и градоначалници од повеќе општини од нашата држава. Брзата имплементација и искористување на ИПА средствата ќе биде од голема важност како за подобрување на условите на бизнис секторот така и за сите граѓани на нашата општина.
Градоначалникот Мехмеди на работни средби во Трст, Копер и Пула
