Градоначалникот Мехмеди го означи почетокот на овогодинешниот традиционален турнир во мал футбал. По повод Денот на Општината 4 Мај, локалната самоуправа традиционално и оваа година организира турнир во мал фудбал. Екипи од Средното Општинско Училиште Маврово – Ростуше како и екипи од Основните Училишта од Општината денес со одигрување на првите меѓусебни натпревари го означија почетокот на турнирот во мал футбал кој се одржува во салата Македонија кој е дел од спортско рекреативниот центар Радика. Натпреварите започнаа денес и ќе траат до 3 Мај. Вториот дел натпревари од овој традиционален турнир ќе се играат на новоотвореното повеќенаменско игралиште во Ниќифорово. Во рамките на турнирот ќе се одиграат повеќе натпревари помеѓу училиштата а во финалето ќе играат двете најдобри екипи во мал фудбал . Со реализирањето на овој турнир и други планирани културни уметнички настани и оваа година ќе биде одбележан 4 Мај Денот на Општината.
Градоначалникот Мехмеди го означи почетокот на овогодинешниот традиционален турнир во мал футбал
