Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски положи свежо цвеќе пред споменикот изграден во чест на градителите на Мавровската брана.
Во близина на браната во Маврови Анови се одржа комеморативен собир пред споменикот изграден во чест на градителите на мавровската брана. Одбележувањето традиционално го организира ХЕЦ “Маврово”. Вработени во претпријатието како и претставници на повеќе локални институции и оваа година се собраа и со положување на цвеќе и едноминутно молчење одадоа почит за работниците кои ги загубија животите во снежните лавини ноќта помеѓу 10-ти и 11-ти февруари 1956г. На овој датум животот го загубија 52 градители на мавровскиот хидроенергетски систем од кои 38 работници и 14 граничари. Оваа снежна трагедија е една од најголемите предизвикани од временска непогода кај нас. Во лавината биле затрупани стотина луѓе од кои спасувачките екипи успеале да извлечат половина од нив.
Градоначалникот Медат Куртовски положи свежо цвеќе пред споменикот изграден во чест…
