Поради состојбата после катастрофалниот земјотрес кој ги зафати државите Република Туркије и Сирија, градоначалникот Медат Куртовски побара одржување на вонредна седница на Советот на општина Маврово и Ростуше.
На седницата беа предложени две точки на дневен ред и тоа:
- Прогласување на денови на жалост поради земјотресот што ги погоди Република Туркије и Сирија.
- Донесување на одлука за одобрување на финансиски средства за помош на настраданите од силниот земјотрес кој ги погоди Република Туркије и Сирија.
Едногласно од страна на сите советници беше одлучено деновите до 12. 02. 2023 година се прогласуваат за денови на жалост во општина Маврово и Ростуше и знамињата пред седиштето на општината ќе бидат истакнати на половина копје.
Едногласно од страна на сите советници беше усвоен предлогот да се додели финансиска помош во износ од 500.000 денари за настраданите во земјотресот.
Искрено сочувствуваме со братските народи во Република Туркије и Сирија, изразуваме жалење за загубените човечки животи и посакуваме брзо оздравување на сите повредени лица.