Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски прими благодарница од Културната асоцијација на Македонците од Равена “Пријателство – Amicizia” за спонзорство на проект во делот на спорт и спортски активности “Турнир во мал фудбал во Лидо Адриано” во Равена, Република Италија.
Општина Маврово и Ростуше упатува честитки на организаторите и на сите волонтери кои беа дел од овој прекрасен спортски и културен настан. Ова беше убава можност реканскиот народ да се собере на едно место и да се дружи, забавува и спортува.
Нашите сограѓани преку оваа организација уште еднаш ја потврдија сложноста, солидарноста и културата на реканскиот народ и почитувањето на редот и законите во било која држава и да се наоѓаат.
Веруваме дека со ваквите спортски и културни настани се промовираат позитивните вредности на реканскиот народ и се потврдува дека сме пример за вреден, културен и домаќински народ.



