Општина Маврово и Ростуша ги известува носителите на правата на недвижностите кои останале со незапишани права во катастарските општини Болетин, Видуша, Жировница и Требиште, дека Агенцијата за Катастар на Недвижности отпочнува со постапка на ажурирање на податоците во катастарот на недвижности. Носителите на правата во периодот од 2 јуни до 29 август 2014 година, од 8.30 до 16.30 часот, во просториите на подрачното одделение за катастар на недвижности во Гостивар, ул. Мајор Чеде Филиповски бб, потребно е да поднесат пријава за ажурирање за податоците за недвижностите.
Пријава во електронска форма можат да ја подигнат од официјалната веб-страница на Агенцијата www.katastar.gov.mk
За дополнителни информации можете да се обратите и на телефонскиот број на подрачното одделение за катастар на недвижности Гостивар 042 213 066..