Започна првата фаза (јавен повик) на реализација на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Ростуша, како еден од главните приоритети на Општината. 

Министерството за транспорт и врски на Р.Македонија објави јавен повик за јавна набавка на работи за изградба на водоводна линија во с.Ростуше. Проектот во вредност од 11.000.000,оо денари е финансиран од страна на министерството, односно Владата на РМ. Целта на проектот е да се изврши реновирање на дотраената и застарена водоводна мрежа од резервоарот до крајните корисници во ова населено место.
Ростуша е седиште и едно од поголемите и најпосетени места во Нашата Oпштина. Со реализацијата на овој проект ќе се подобри квалитетот на водата, ќе се реши проблемот со губитоци на вода а воедно ќе бидат исфрлени од употреба дотраените и штетни цевководи кои во моментов го снабдуваат населеното место со вода.
Ние како Општина со поддршка на Владата на РМ продолжуваме и понатаму со реализирање на проекти со кој ќе ги подобриме условите за живот на своите граѓани.

vodovod rostusa