Работна средба со замник министерот за ЛС, Горги Сајкоски

Jan 27, 2014 by

Работна средба со замник министерот за ЛС, Горги Сајкоски
Имплементацијата на развојните проекти во општината, како и тековните активности во остварувањето на функциите на органите на Локалната Самоуправа, беа темите на кои разговараа заменикот министерот за Локална Самоуправа, Горги Сајкоски и Државниот Секретар во Министерството, Билјана Цветановска Гугоска, со Градоначалникот на Нашата, Општина Мукрем Мехмеди.

Акцентот во разговорите беше ставен на запознавање на текот на проектите од ИПА Програмата за прекугранична соработка, со акцент на двата проекти за прекугранична соработка со Р. Албанија и Косово, за кои што Нашата Општина за проектот со Р. Албанија има добиено позитивен одговор и во најскоро време треба да се започне со фазите на имплементација, а што се однесува за проектот со Општина Штрпце од Р. Косово е во завршна фаза и во наредните денови треба да се аплицира.

DSC00184
Заменик министерот, Сајкоски потенцира дека оваа година Владата оддвоила 60 милиони денари за проекти за рамномерен регионален развој. Тоа се средства што ќе ги користат Центрите за развој на осумте плански региони и општините за реализација на приоритетни проекти. Градоначалникот, Мехмеди во разговорот ги истакна активностите што ги превзема локалната самоуправа во врска со ИПА проектите, реализираните инфраструктурни проекти како и проекти кои го поттикнуваат економскиот развој во нашата општина.
За реализација на овие проекти имаме подршка од Министерството за локална самоуправа и на општо задоволство на граѓаните на нашата општина наскоро ќе почне реализиција на истите, рече градоначалникот, Мукрем Мехмеди.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3