Обука во рамките на проектот “Почуствувај го здравиот рурален живот”

Jan 27, 2014 by

Обука во рамките на проектот “Почуствувај го здравиот рурален живот”
Во просториите на Општината во рамките на проектот “Почуствувај го здравиот рурален живот” кој е финансиран од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Р. Албанија а имплементиран од страна на Федерацијата на Фармерите НА РМ и Албанскиот Земјоделски Совет, се одржа средба се со цел едукација и обука на нашите земјоделци, сточари, пчелари и граѓани кои се занимаваат со било какво произвоство на еколошки чиста храна.
IPA

На средбата се разработија теми за обуки за произвоство во фарма, стратешки планирања, бизнис планови, органско произвоство односно принципи и практики на произвоство, алтернативно произвоство како што се рибници, растенија кои не се за исхрана, лековити билки, и други фармацевтски производи.
На средбата исто така присуствуваше претставник од секторот за Локален Економски Развој од Нашата Општина.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3