Директорот на УСАИД, Џејмс Стеин во посета на Општината

Jan 25, 2014 by

Директорот на УСАИД, Џејмс Стеин во посета на Општината
Директорот на Агенцијата за Меѓународна Соработка УСАИД, Џејмс Стеин во прва посета на Нашата Општина која по негово кажување била најубавата општина со природно – геогравски карактеристикки во Македонија. Во рамките на неговата работна посета на Нашата Општина имаше работна средба со Градоначалникот, Мукрем Мехмеди.
muk 3
На средбата која се одржа во просториите на административната зграда на Општината , Градоначалникот Мехмеди на своите гости накратко им ја опиша структурата и демографските карактеристики на Нашата Општина, проектите кои се во тек на реализација како и планираните активности што треба да ги реализира локалната самоуправа како и доделувајќи му плаката со грбот на Општината искажа голема благодарност до УСАИД за заеднички реализираните проекти како што се инвестицијата во Основното Училиште во с. Ростуше со инсталирање на парно греење на тврдо гориво односно на дрва, кое претставува еколошки најприфатлив начин на греење.
muk 2
Исто така Градоначалникот, Мехмеди, Директорот на УСАИД, Џејмс Стеин и претставникот на ХАБИТАТ најавија дека во иднина со заеднички срества ќе реализираат уште проекти за економски развој на Нашата Општина како и проекти со кој би се подобриле условите во образованието, еко и алтернативниот туризам како и проекти кои би ја подобриле инфраструктурата во сите населените места.
muk muk 4

Исто така Директорот на УСАИД и Градоначалникот, Мехмеди го посетија ОУ Ѓорѓи Пулевски во Ростуше каде имаа средба со Директорот на училиштето, Фуат Черкези кој ги запозна со условите за работа во училишната зграда,.
Директорот на УСАИД поздравувајќи ги учениците од ОУ им посака многу успех во образовниот процес порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштето во кои се едуцираат, а воедно и на општина.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3