Министерството за финансии и Општина Маврово и Ростуша денеска потпишаа договор за финансирање на проектот „Изградба на улично осветлување на две секции од регионалниот пат П-409 Маврово-Дебар во вредност од 6.426.634 денари. Средствата се обезебедени преку Проектот за подобрување на општински услуги МСИП кој го спроведува Министерството за финансии заедно со локалните власти, со финансиска поддршка од Светска банка.
ulicno osvet

Проектот предвидува набавка и изградба на јавно улично електрично осветлување на две секции од регионалниот пат Маврово-Дебар кои се наоѓаат на територијата на општината Маврово Ростуше.
Првата локација ги поврзува населените места Ростуше, Велебрдо и Требиште каде во тек е изградбата на спортско-рекреативен комплекс “РАДИКА”. Со осветлување на оваа локација ќе се овозможи развој на спортско-рекреативните активности во општината.
Втората локација се однесува на осветлување на економската зона која се наоѓа под село Жировница, каде се веќе сместени две фабрики и еден угостителски објект. – Со осветлувањето на овој дел од патот ќе се зголеми атрактивноста на зоната за потенцијалните инвеститори и ќе се поттикнат економските активности во општината кои ќе придонесат за забрзување на економскиот развој и зголемување на вработеноста.