Донесен буџетот на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година

Dec 24, 2013 by

Донесен буџетот на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година

Донесен буџетот на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година кој е развоен и проектиран во интерес на сите граѓани.
Советот на Општина Маврово и Ростуша во општинската сала за состаноци расправаше по единаесетти пат по девет точки кои се најдоа на дневен ред. Во интерес на граѓаните сите точки беа детално разгледани и прифатени. На почетокот на седницата по широка дебата беше донесенa предлог-одлука за извршување на буџет на Општина Маврово и Ростуша за 2014 година.
Вкупните приходи во буџетот за 2014 година на Општина Маврово и Ростуша се проектираат во износ од 159.101.500 денари.
Советниците ја усвоија и програмата за јавно здравје, заштита на здравјето на населението од подрачјето на Општината. ,советниците го исцрпија дневниот ред, по што успешно финишираше последната единаесетта редовна седница на Советот на Општина Маврово и Ростуша за 2013 година.
На советот му посакуваме уште поуспешна и плодна работа во новата 2014 година.

sovet 5sovet 1

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3