Стручен тим од евн-македонија на средба со граѓани во нашата општина

Oct 31, 2013 by

Стручен тим од евн-македонија на средба со граѓани во нашата општина

За решавање на проблемите на нашите граѓани кои ги имаат со ЕВН-Македонија, како што беше договорено помеѓу Градоначалникот, Мукрем Мехмеди и членот на УО на ЕВН-Македонија,Игор Гиевски секоја последна среда од месецот во просториите на Општината, на работна средба со претставници на месните заедници како и граѓани од нашата општина приствуваше стручен тим од ЕВН-Македонија предводена од Биљана Поцкова раководител во одделот за продажба и оператива, Веле Танески раководител на едделот за оддржување мрежа при ХЕЦ- Струга како и претставници од правниот оддел од ЕВН-Македонија чија обврска е да изнајдат решенија за сите проблеми кои ги имаат нашите граѓани со оваа компанија. evn
На средбата беа искажани низа проблеми со кои се среќаваат нашите граѓани во секојдневниот живот како од проблеми со застарени бандери, ниски жици како и до неправилно исклучување од електричната мрежа на домови во кои сопствениците се наоѓаат на привремена работа во странство.
Стручниот тим на ЕВН-Македонија ги сослуша сите забелешки од страна на граѓаните и ќе се залага за што побрзо решавање на истите.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3