средба на бизнис платформа
Oct 24, 2013 by fikret
Во организација на Сојузот на стопански комори денеска во Маврово беше промовирана бизнис платформа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Свое обраќање имаше министерот за локална самоуправа Тахир Хани, евроамбасадорот Аиво Орав, претседателот на ССК Златко Калеников, кој со градоначалниците на Маврово и Ростуше, Мукрем Мехмеди, на Тетово, Теута Арифи, на Гостивар, Невзат Бејта, на Боговиње, Хазби Идризи, и на Јегуновце, Тони Коцевски, потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу ССК и Општините во Полошкиот регион за поддршка на бизнис платформата.
Платформата ja сочинуваат мали и средни претпријатија, општини и други локални организации од полошкиот регион, а целта е унапредување на бизнис-соработката меѓу двете земји со акцент на полошкиот регион во Македонија и регионот на Корча во Албанија. подобрување на мерките и политиките, како и поттикнување на директна трговија и соработка помеѓу малите и средни препријатија од двете страни на границата со што би се дала поголема можност за отворање нови работни места за нашите граѓани.