Последната Форумска Сесија

Oct 20, 2013 by

Последната Форумска Сесија

Во домот на култура во с. Ростуша, Градоначалникот, Мукрем Мехмеди учествуваше на шестата форумска сесија со претставници од Центарот за Институционален Развој (ЦИРа) и претставници од месни заедници од повеке населени места од нашата општина. На последната форумска сесија градоначалникот, Мехмеди ги презентираше трите проекти: 1. Реконструкција на потпорен ѕид на улица во долно маало во с. Ростуша, и поставување на заштитна мрежа и ограда на локален пат за с.Требиште. 2. Изградба на трибини на спортско игралиште во ОУ “Денче Дејаноски” 3. Набавка и поставување на двокрилни корпи за отпадоци по населени места на територијата на општината. Кои беа реализирани со заеднички средства на Општина Маврово и Ростуша и Швајцарската амбасада, а воедно искажа голема благодарност до сите оние кои допринесоа овие проекти да бидат навремено реализирани и со надеж другите предлог проекти кои произлегоа од форумите во заедницата да бидат реализирани во понатамошниот период со што би се подобриле условите за живеење во нашиот регион.forumi na zaednicata

Prezentacija Opstina M-R

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3