Спортско Игралиште во с .Ниќифорово

Oct 8, 2013 by

Спортско Игралиште во с .Ниќифорово

Во завршна фаза изградбата на спортското игралиште во с. Ниќифорово кое е резултат на визијата на Градоначалникот, Мукрем Мехмеди кој успеа да го вклопи овој проект како дел од проектот “Изградба на 100 повеќенаменски игралишта”, проект на Агенцијата за Млади и Спорт. Ова игралиште ке допринесе за развој на масовниот спорт како и спорт за сите граѓани. Игралиштето ќе биде на располагање за спортување, рекреирање како и за натпреварување. Ќе биде опремено со реквизити, опрема за футбал, кошарка, ракомет и други спортови. Исто така ќе може да се користи деноноќно и ќе биде место за собирање и дружење на младите генерации како основа за создавање на здрава младина.

igraliste nikiforovo

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3