И З В Е С Т У В А Њ Е

Oct 3, 2013 by

И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани граѓани,

Врз основа на член 47 став 1 од Законот за угостителска дејност („Службен весник на Република  Македонија“бр.62/2004, 89/2008, 15/2010, 53/2011, 141/2012), за давање  угостителски услуги – сместување на туристи, физичките лица треба да ги исполнат минимално – техничките услови, и условите за категоризација.

Категоризацијата на овие објекти се врши од страна на  општинската комисија за категоризација.

Поради ова, Ве известуваме дека треба да доставите БАРАЊЕ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА до општинската администрација во Општина Маврово и Ростуша.По доставувањето на барањето од Ваша страна, комисијата за категоризација излегува на увид,изготвува записник и врз основа на податоците донесува решение за категоризација.

Ве молиме во најкус можен рок да се пријавите во општинската администрација за да  пополните барање за категоризација.

За пополнувањето на барањата важи работното време на општинската администрација секој ден од 08:00 до 16:00 часот.

Надевајќи се на позитивна соработка , однапред Ви благодариме.

Со почит,

Општина Маврово и Ростуша

 

НАПОМЕНА:  Прекршочните одредби(глобите)според овој закон се високи.

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3