градоначалникот, мехмеди ушествуваше на нехпо саемот на општини во риека

Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Мукрем Мехмеди заедно со директорот на Јавното Комунално Препријатие-Маврово, Васе Ѓорѓевски учествуваа на Меѓународен саем на општини- NEXPO кој се оддржа во градот Риека Р.Хрватска.
На саемот учество земаа над 300 општини од Македонија, Турција, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора како и претставници на општини од Европската Унија.
Градоначалникот, Мукрем Мехмеди покрај промовирањето на убавините и можностите за алтернативен еко туризам на територијата на нашата општина, како член на УО на ЗЕЛС зеде активно учество и во промовирање на другите општини од РМ. Исто така оствари и многу директни средби со градоначалници на општини од други држави разменувајќи искуства како и иницијативи за меѓусебна соработка во иднина се со цел да се донесат директни странски инвестиции со што би се подобриле условите за живот на нашиот граѓанин.

nexpo nexpo2