Претседателот на Владата на Република Македонија почитуваниот Никола Груевски и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша почитуваниот Мукрем Мехмеди свечено ќе ја пуштаат во употреба спортската сала ” Македонија”

Денес во 14 часот Претседателот на Владата на Република Македонија почитуваниот Никола Груевски и Градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша почитуваниот Мукрем Мехмеди свечено ќе ја пуштаат во употреба спортската сала ” Македонија” во склоп на спортскиот рекреативен центар “РАДИКА” кој центар треба да прерасне во атрактивно место за спортско-рекреативен живот за сите наши сограѓани во наредниот период кој се наоѓа во близина на населеното место Ростуша. Откако ќе се пушти во употреба спортската сала, Претседателот на Влада на Република Македонија, Никола Груевски ќе ги посети населените места Могорче, Скудриње, Ростуша, Требиште и Жировница каде ќе има средби со граѓани на кои средби ќе ги сослуша маките, секојдневните проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани, како и можни понуди за решавање на истите од страна на претседателот на влада РМ почитуваниот Никола Груевски..

sportska sala