Имотен лист и официјално се вади во нашата општина

Jul 23, 2013 by

Имотен лист и официјално се вади во нашата општина
Имотен лист и официјално се вади во нашата општина

Општина Маврово и Ростуша во соработка со агенцијата за катастар на недвижности од денеска на граѓаните им нуди можност преку општинската администрација во нашата локална самоуправа да дојдат многу лесно и брзо до имотен лист не патувајќи по педесеттина километри до Гостивар како што беше тоа практика до денес.
Канцеларијата за издавање на имотни листови во нашата општина ја отворија директорот на агенцијата за катастар на недвижности г-динот Славе Трпевски и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша г-дин Мукрем Мехмеди.
Градоначалникот Мехмеди меѓу другото изјави дека со ова на жителите на Општината им се заштедуваат и пари и време бидејки тука без поголеми турканици ќе можат да ја извадат соодветната документација.
Како што најави директорот на агенцијата за катастар и недвижности г-дин Славе Трпевски, проектот електронски катастар успешно се спроведува на целата територија на Р. Македонија.

katastar

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3