Неколку земјотреси беа регистрирани денеска на територијата на Нашата Општина

Nov 14, 2020 by

Неколку земјотреси беа регистрирани денеска на територијата на Нашата Општина
Неколку земјотреси беа регистрирани денеска на територијата на Нашата Општина.
Првиот со јачина од 5 степени, беше регистриран со епицентар во населеното место Леуново, околу 04:55 минути.
Во текот на денот, имаше уште неколку земјотреси со епицентар на територијата на Општина Маврово и Ростуше.
Општина Маврово и Ростуше, формира комисија за утврдување на штети, настанати, како последица од денешните земјотреси, кои ја погодија територијата на Нашата Општина.
Градоначалникот Медат Куртовски, денес ги посети населените места Леуново, Маврово и Ниќифорово, каде посети неколку домови, кај кои имаа настаната штета од земјотресите кои го погодија ова подрачје.
Ги известуваме сите наши сограѓани, кај кои има штети, како последица од денешните земјотреси, тоа да го пријават во Општината. (Во Ростуше и во Маврово).
Комисијата за утврдување на штети, ќе излезе на терен во најкраток можен рок.
Со помин да е!

Related Posts

Tags

Share This

Download mp3